- skopje2028
Старт на „Фондот за култура на градовите” - апликациите отворени до 25 февруари 2022 година

Culture Next мрежата го стартува пилот изданието на „Фондот за култура на градовите” - алтернативен финансиски механизам за европска соработка во културата. 10 европски градови придонесоа во заедничкиот фонд кој ќе овозможи, преку отворен повик, на европски уметници кои се заинтересирани да работат заедно за да ги споделат своите „Визии за култура во одржлива иднина”.
„Фондот за култура на градовите е решение оддолу-нагоре за да ги надополни структурите за финансирање на Европската Комисија кои функционираат одозгора-надолу.
Експериментираме со нови начини за поттикнување на соработката во културата, на ниво на град и на ниво на земја, исто така“, вели Стефан Теисану, генерален секретар на мрежата.
Пилот-изданието на фондот ќе избере седум европски уметници кои индивидуално или колективно ќе работат и ќе ги споделуваат своите визии за културата во денешниов променлив свет. Преку фацилитиран процес на избраните уметници ќе им се овозможи да разговараат и да работат заедно, за да одлучат на крајот од процесот како ќе ги креираат своите уметнички дела, поединечно или колективно.
Добиените уметнички дела ќе бидат претставени и промовирани од сите градови-членки на Culture Next мрежата: 26 градови од 17 земји од ЕУ и Велика Британија.
7 европски уметници ќе бидат финансирани со по 2.000 евра поединечно и ќе имаат целосна слобода во создавање на уметничко дело индивидуално или како кокреација во соработка со било кој од другите избрани уметници.
Краен рок за пријавување: 25 февруари 2022 година.
Главни критериуми за избор: квалитет на доставените предлози на апликантите за „Визии за култура во одржлива иднина” (есеј од максимум 2000 карактери);
Времетраење на реализацијата на уметничките проекти: од јуни до ноември 2022 година.
Реализираните уметнички дела ќе се промовираат во 17-те земји претставени од градовите членки на Culture Next мрежата.
10-те коосновачи на „Фондот за култура на градовите” се: Авеиро (Португалија), Брага (Португалија), Белфаст (Ирска), Клуж-Напока (Романија), Елефсина (Грција), Фаро (Португалија), Леуварден (Холандија), Лидс (Велика Британија), Лувен (Белгија) и Оулу (Финска).
Сите информации за „Фондот за култура на градовите” може да ги најдете на:
www.culturenext.eu/cities-fund.
„Фондот за култура на градовите” стартуваше на 26 ноември 2021 година во Фаро, Португалија, за време на седмиот состанок на Culture Next мрежата. Темата на овој состанок беше „Културата и одржливоста” а специјален гостин беше г-дин Јоти Хосаграхар, заменик директор на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, кој ги претстави „Тематските индикатори за култура и одржливост на УНЕСКО култура 2030”.
Покрај стартот на „Фондот за култура на градовите” на состанокот во Фаро се лансираше и ЕПК Архивата, обемна база на податоци со речиси 300 документи поврзани со Европските престолнини на културата од 1985 година до денес: пријавни книги, извештаи за мониторинг и студии за евалуација на влијанието на проектот Европска престолнина на култура. Архивата е сместена на веб-страницата на Culture Next мрежата.