top of page
  • skopje2028

СКОПЈЕ 2028 на состанок на Culture Next мрежата на градови EПК кандидати


На 25 и 26 ноември, Фаро 2027, португалски град кандидат за ЕПК беше домаќин на состанокот на Culture Next мрежата на европските градови, сегашни или поранешни кандидати за Европска престолнина на културата.

Програмата организирана во Фаро опфати пленарни сесии со дискусии и презентации посветени на:

- градовите од мрежата на Culture Next и целите за одржлив развој (SDGs); 

- иднината на Европските престолнини на културата;

- почеток на функционирање на „Фондот за култура на градовите”, алтернативен финансиски механизам, решение „од долу нагоре” кое треба да ги надополни структурите за финансирање на Европската комисија кои функционираат „одозгора надолу”. 10 европски градови со придонес од по 2.000 евра го креираат заедничкиот фонд кој преку отворен повик ќе овозможи поддршка на европски уметници кои се заинтересирани да работат заедно за да ги споделат своите визии за култура во одржлива иднина;

- лансирање на архивата на Европски престолнини на културата (ЕПК) со речиси 300 документи: пријавни книги, мониторинг извештаи и студии за евалуација од 1985 година до денес;

- како и интерни средби на членовите на мрежата.


Скопје 2028 година поднесе кандидатура за членство во мрежата која беше прифатена од страна на досегашните членови на средбата во Фаро, а во моментов се подготвува меморандумот за соработка кој ќе го потврди членството. На средбата во Фаро земаа учество преку онлајн конекција, Виолета Качакова и Оливер Мусовиќ, како претставници на Скопје 2028.


Culture Next е мрежа основана во 2017 година од десет европски градови, сегашни и поранешни кандидати за Eвропска престолнина на културата. Мисијата на мрежата е да ги поддржи градовите да имплементираат програми и политики за урбан развој предводени од култура, надоврзувајќи се на искуствата, партиципативните процеси и соработките воспоставени за време на подготовката за кандидатурата за Европска престолнина на културата.


Повеќе информации за мрежата може да најдете на https://culturenext.eu/

bottom of page