- skopje2028
СКОПЈЕ 2028 на Берлинската конференција 2021 - Europe Bottom-Up
Секоја година, околу 9 ноември – денот на падот на Берлинскиот ѕид, Stiftung Zukunft Berlin заeдно со иницијативите A Soul for Europe, Wir sind Europa и Cities for Europe ја организира Берлинската конференција која оваа година е насловена како „Europe Bottom-Up“. Оваа година конференцијата се одвива од 7 до 9 ноември со учество на актери од политиката, културата и граѓанското општество од цела Европа, кои заедно работеа на можностите за јакнење на Европскиот проект.
Виолета Качакова - програмската менаџерка на СКОПЈЕ 2028 е еден од учесници на конференцијата.
Конференцијата, започна со целодневна програма, на 7 ноември, во градот Кемниц/Германија – Европска престолнина на културата за 2025 година, посветена на Европските престолнини на културата, нивната улога, иден развој, и стекнатото искуство од нивната досегашна имплементација. На 8 и 9-ти ноември програмата се реализира во Берлин во чии рамки членови на Европскиот парламент, градоначалници и претставници од културниот сектор и граѓанското општество од цела Европа, дискутира за улогата на културата во зајакнувањето на Европа „од долу нагоре“ и одговорностите и можностите на градовите во нејзиното јакнење.
Берлинскиот дел од конференцијата се отвори со обраќањето на Mariya Gabriel – комесар на ЕУ за иновација, истражување, култура, образование и млади, а ќе се затвори со говорот на Charles Michel, претседателот на Советот на Европа.
Берлинската конференција овозможи воспоставување на контакти и преддоговори за можна соработка во рамки на кандидатурата на Скопје ЕПК 2028, зголемена видливост на кандидатурата на Скопје ЕПК 2028 во поширок Европски контекст и добиени информации за актуелните политики и насоки за развој на културата во ЕУ и искуствата на градови кандидати и носители на ЕПК титули.
Линк кон програмата на конференцијата: https://medium.com/.../european-conference-2021-503597afead7