top of page
  • skopje2028

Прва средба на Координативното тело „СКОПЈЕ 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата“



На 21 јули 2021 година, во големата сала на Советот на Град Скопје се одржа првата средба на Координативно тело „СКОПЈЕ 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата”.

Целта на оваа прва средба беше да се информираат членовите на Координативното тело за развојот и имплементацијата на кандидатурата на градот Скопје за Европска престолнина на културата за 2028 и активностите кои се реализирани, активностите во тек и тие кои ќе следат како дел од работата на тимот на СКОПЈЕ 2028. На средбата членовите на Координативно тело дискутираа за комплексноста и сериозноста на кандидатурата и потребата од заедничка визија и акција која ќе придонесе кон развојна промена за градот преку културата и нејзиното интегративно делување со останатите јавни дејности.

Советот на Град Скопје на 6 јули 2021 година, донесе Одлука за формирање на Координативно тело „СКОПЈЕ 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата” кое го сочинуваат претседател, заменик-претседател и 19 членови – претставници на Владата, Министерството за култура, Град Скопје, јавните градски културни институции, како и националните институции на територијата на градот, и претставници на граѓанското општество.

32 views
bottom of page