• skopje2028

Матеј Червежан од Тренчин – словачки ЕПК 2026 град кандидат на ликовната колонија „Скопје 2021“


фотографии Соња Ставрова


Од 15 до 25 септември во Хотел Арка, Скопје, се одржува 16-та по ред меѓународна ликовна колонија „Скопје 2021“. Учесник на колонијата е и словачкиот уметник Матеј Червежан од Тренчин, словачки кандидат за ЕПК 2026.

Во месец август СКОПЈЕ 2028 потпиша писмо за соработка со Треничн 2026 во рамки на кандидатурата за европска престолнина на културата. Првата соработка во полето на визуелните уметности помеѓу овие два града се реализираш во рамки на меѓународна ликовна колонија „Скопје 2021“. По предлог на тимот на Треничн 2026 на два визуелни уметника по реализиран отворен повик, комисијата на колонијата го селектираше уметникот Матеј Червежан како учесник од колонијата од Треничн.

Во рамки на својот краток престој во Скопје, Матеј изработи пет дела од кои три ќе бидат преставени на затворањето на колонијата во хотел Арка. Матеј, е прв пат во Скопје, и за него градот е интересен и инспиративен.

Матеј Червежан е претставник на најмладата генерација на словачки сликари. Работи во Братислава и Тренчин. Студира на Академијата за ликовни уметности во Братислава. Во својата работа тој се фокусира главно на современите експресивни изрази во сликарството. Изборот на теми, како и конечниот дизајн, зависи првенствено од спонтаната селекција и одлука, овде и сега. Неговата страст за спонтано сликарство дури му овозможува, во некои случаи, да ги надмине традиционалните пристапи кон сликарството. Спонтаните идеи на тој начин можат да создадат слики во кои наместо на бои, се потпираат на други материјали.

Останати учесници на меѓународната колонија се: Марија Здравковиќ и Јошкин Сиљан од Белград/ Србија, Маре од Шуљак Загреб/ Хрватска, Рајко Тодор Тодоровиќ од Подгорица/ Црна Гора, Ивана Настеска, Татјана Манева, Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски од Скопје и Страхил Петровски од Куманово.

Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2021” е во организација на градските културни установи а се реализира со финансиска поддршка од Град Скопје Скопје и во партнерство со Хотел Арка Скопје.

7 views