top of page
  • skopje2028

Донесена е Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2021-30

Советот на Град Скопје на 74-та седница одржана на 22.09.2021 година ја усвои „Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2021 – 2030 година”.

Стратегијата се изработи од експертски тим предводен од „Балкан девелопмент солутионс БДС Скопје”, а се развиваше во соработка со тимот на Скопје 2028 и учество на претставници на градот Скопје, општините во градот, културните институции кои делуваат на територијата на градот Скопје, претставници на вонистиуционалната културна сцена и поканети експерти.

Стратегијата во себе го содржи концептот на „солидарен децентрализиран развој“ во, и преку културата и се темели на принципите на: солидарност, еднаквост, инклузивност, партиципативност, демократизација, пристап, слобода на изразување, унапредување на професионалните услови за работа и развој на креативните и социо-економски потенцијали преку културата.

Како документ во кој се планира развојот на културата на градот во период од 10 години, оваа Стратегија е еден од клучните документи за развој на кандидатурата на Скопје за Европска престолнина на културата, која треба да биде во синхронизација со стратешките насоки за развој на културата во градот, а притоа и да функционира како една од стратешките целите и програмски мерка во рамки на стратегијата.


На 27.10. 2021 година во Младински Културен Центар се одржаа презентации на „Стратегијата за развој на културата на Град Скопје за 2021-2030” и на досегашните и следни активности на тимот на „СКОПЈЕ 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата” пред претставници на Министерство за култура, раководители и претставници на национални и локални културни институции и претставници на вонинституционалниот културен сектор. На настанот присуствуваа и министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Управата за заштита на културно наследство Ацо Костов.


„Стратегијата за развој на културата на Град Скопје за 2021-2030” беше претставена и на членовите на Координативно тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата” на средба одржана во големата сала на Советот на град Скопје на 3.11.2021 година.


18 views
bottom of page