top of page
  • skopje2028

Јакнење на капацитети за подготовка, имплементација и евалуација на ЕПК програмите



Овие работни сесии имаа за цел да ни пренесат знаење и искуство во процесот на подготовка на кандидатурата на Скопје за ЕПК 2028, и да не запознаат со актуелните приоритети и предизвици во развојот и евалуацијата на програмата на европските престолни на културата. Тие беа водени од двајца професори Франко Бианчини (Италија/Англија) и Џонатан Гудејкер (Англија), експерти во полето на културата со значаен ангажман и искуство во развој, водење и евалуација на програми на повеќе Европски престолнини на културата, меѓу кои: Корк 2005 (Ирска), Ливерпул 2008 (Англија), Матера 2019 (Италија), Голвеј 2020 (Ирска) и Риека 2020 (Хрватска).

Покрај работните сесии со членови на тимот на СКОПЈЕ 2028, програмата опфаќа и сеопфатна работна сесија со членовите на Координативното Тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата” (составено од претставници на Владата, Министерството за култура, Град Скопје, градски и национални културни институции и претставници на граѓанското општество), учесниците на Европската Диплома и други поканети професионалци од секторот култура и конвергентните дејности. Оваа сесија се реализираше во големата сала на Советот на град Скопје на 30 август 2021 година.

15 views
bottom of page