top of page
  • skopje2028

Јавен повик за ангажирање на волонтери за Скопје 2028


Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во рамки на Програмата Скопје 2028 – Град кандидат за Европска престолнина на културата.


Општи услови/квалификации на кандидатите:

– да имаат од 16 до 25 години;

– да располагаат со способност за успешно комуницирање;

– да поседуваат вештини за добро писмено изразување и истражување и

– да се аналитични, интерактивни и заинтересирани за земање учество во креирањето на културниот живот на Скопје.


Предност ќе имаат оние млади луѓе кои имале некакво волонтерско искуство.


Волонтерската работа ќе се извршува во времетраење од три (3) месеци, а волонтерите ќе добијат соодветна обука и во зависност од обврските, доколку сакаат може да го продолжат својот ангажман соодветно потребите на проектот и квалитетот на изврѓување на дадените обврски. Скопје 2028 – Град кандидат за Европска престолнина на културата ќе обезбеди волонтерски надоместок и сертификат за учество во проектот за дадениот период.


Сите заинтересирани кандидати треба да достават:

– мотивационо писмо на македонски јазик и

– кратка биографија (CV) на македонски јазик (со податоци за контакт: адреса, телефонски број и e-пошта).


Потребните документи треба се испратат на skopje2028@gmail.com, а рокот за доставување на документите е до 26 октомври 2019 година.


По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.


Сите заинтересирани може да ја посетат веб-страницата (skopje2028.mk) на Скопје 2028 – Град кандидат за Европска престолнина на културата) каде може да добијат информации за идеите, целите и долгорочниот план на работа на тимот.  

2,079 views
bottom of page