- skopje2028
Трибина за локалните културни политики на град Скопје
Трибина за локалните културни политики на град Скопје, активности, стратегија за култура и меѓународна соработка
Трибината имаше за цел да ги запознае меѓународните културни оператори и ментори на Европската Диплома со културните политики на градот Скопје и меѓународната соработка. На трибина зборуваа Петре Шилегов градоначалник на град Скопје, Роберт Алаѓозовски-национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Виолета Качакова-програмска менаџерка на СКОПЈЕ 2028 и Филип Јовановски-претставник на граѓанското општество и член на тимот кој работи на изработка на долгорочната стратегија за култура на Град Скопје 2021-2030. Таа се одржа на 30 август во Младински културен цента.