- skopje2028
СКОПЈЕ 2028 на средба со НИТРА 2026
Во Нитра, Словачка се одржаа две значајни средби за воспоставување на соработка помеѓу градовите Нитра и Скопје и размена на во рамки на нивните кандидатури за Европски престолнини на културата. Роберт Алаѓозовски националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на РС Македонија и Антонио Павловски раководител на одделението за култура на град Скопје се претставници на македонската делегација кои ја реализираа посетата.
Првата средба се реализираше со Мариан Тесак проект менаџер на Нитра 2026. Нитра е словачки град кандидат за Европска Престолнина на културата за 2026 година, кој беше селектиран во вториот круг на градови кои се натпреваруваат за титулата. Споделувањето на искуствата на Нитра 2026 околу процесот на кандидатура, од подготовка на програма и развој на успешна пријавна книга до нејзина организација преку поддршка и партнерска соработка со градот, е значајно за Скопје 2028 и активностите кои ќе следат во концептуализирање и развој на програмската структура. На средбата се разговараше и за можна соработка помеѓу градовите, кои и покрај тоа што се различни по големина и географија имаат многу заеднички нишки и можност за размена.
Втората средба се реализира со Марeк Хатас градоначалникот на Нитра. Во насока на воспоставување пријателство и понатамошна соработка меѓу градовите претставениците на нашата делегација му упатија покана на г-дин Хатас за посета на градот Скопје, од градоначалникот Петре Шилегов.