top of page
  • skopje2028

„Скопје 2028“ на настан за презентација и вмрежување на Европските престолнини на културата, Берлин

На 12 декември 2019 година, двајца членови на координативното тело на Скопје град кандидат за ЕПК 2028 учествуваа во презентацијата во рамки на програмата за различни Европски престолнини на културата на јапонската невладина организација „EU Japan Fest“ организирана во Берлин.


Основана во 1992 година, „EU Japan Fest“ веќе 27 години дава поддршка на програми на соработка со Јапонија и овозможува нивна презентација во рамките на програмата на различни Европски престолнини на културата. Во текот на своето постоење има поддржано и учествувано во програмите на повеќе од 40 европски престолнини на културата во повеќе од 30 земји.


Претставникот на Град Скопје и претставникот на Владата од канцеларијата на тимот од Скопје земаа учество во ова вмрежување каде сегашните и идните кандидати за Европска престолнина на културата ги презентираа своите програми и активности, разменија информации за различните уметници и ги поставија своите теми коишто ги рефлектираат културниот профил и историјата на секој од градовите кандидати.


72 views
bottom of page