- skopje2028
Регионални уметници и активисти во посета на СКОПЈЕ 2028
На 8. октомври канцеларијата на СКОПЈЕ 2028 ја посетија група регионални уметници и активисти, учесници на Регионалната конференција за граѓански активизам, организирана од Центарот за балканска соработка ЛОЈА, во Тетово (7-9.10.2021). При посетата гостите беа запознати со процесот на кандидирање за Европска престолнина на културата, како и различните активности кои тимот на СКОПЈЕ 2028 ги превзема во рамки на кандидатурата на градот Скопје за ЕПК за 2028 година, со посебен акцент на активностите во јавен простор, пред се „легалните ѕидови“.

фото: Виолета Качакова