- skopje2028
Работна средба на тимот на „Скопје ЕПК 2028 - град кандидат“
Изминатиот викенд во канцеларијата на „Скопје 2028“ се одржа работен состанок на тимот за подготовка на кандидатурата на Скопје за Европска престолнина на културата за 2028-ма година. На состанокот се разговараше за структурата на тимот за кандидирање на Скопје за Европска престолнина на културата, се утврдуваа темите за средбите со културните оператори во градот и се планираа активностите за 2020 година поврзани со процесот на кандидирање.
Со кандидирањето на Скопје, и евентуалниот избор на градот за Европска престолнина на културата, значително ќе се зголеми понудата на културни содржини со програмски нагласок насочен кон концептот на инклузивност и кон самата публика. Развојот на културната инфраструктура, промоција на креативното претприемништво, поврзувањето со другите државни и локални институции и зголемување на степенот на културна активност во градот беа некои од заклучоците кои произлегоа од состанокот.
Во периодот што претстои тимот на „Скопје 2028“ ќе работи на целосно екипирање и поставување на организациската структура со комплетирање на органите на иницијативата (координативно тело, канцеларијата и проектниот тим - bid-team). Постапно ќе започнат и процесите на консултација со пошироката и стручната јавност, со цел успешна изработка и поднесување на пријавната книга за ЕПК 2028, на пријавниот рок во 2022 година.