• skopje2028

РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА КАНДИДАТУРАТА ЗА ЕПК

Updated: Nov 6, 2019

Организацискиот тим на Скопје 2028 во проширен состав, со учество на претставници на градската администрација и гости, организираше дводневна работилница (31.10-1.11.2019) за развивање на методологијата за изработка на концепт за ЕПК, како и организациска структура и планирање на активностите на кандидатурата. Како докажан експерт и консултант на неколку успешни ЕПК кандидатури досега, работилницата во Скопје ја водеше Давор Буињац, виш советник за стратешко планирање во одделот за култура на градот Љубљана, и е координатор на кандидатурата на Љубљана за Европска престолнина на културата за 2025 година.



26 views