- skopje2028
Предавања и работилници посветени на современиот развој на културата и уметноста
Предавања и работилници значајни за современиот развој на културата и уметноста, а оттаму и битни за кандидатурата на градот Скопје за Европска престолнина на културата како дел од меѓународната соработка
Организирана во форма на предавања и работилници за тимот на Скопје 2028, локални културни оператори и учесниците на Европската Диплома, овие работни сесии беа водени од:
Франко Бианчини (Италија/Англија), кој ги опфати темите: „Урбани културни политики во контекст на глобализацијата”, „Локални културни политики и социјална/етничка разновидност: кон интеркултурно учество?” и „Пристапот кон <културното планирање> и дебатата за <креативен град>” (29 август во ДК Кочи Рацин).
Жан Пјер Деру (Белгија) на тема: „Партнерства во проекти на културна соработка и културни мрежи” (1 септември во Музеј на Современа Уметност) и
Милена Драгичевиќ Шешиќ (Србија) на тема „Етички дилеми во светот на современата уметност: предизвици за уметниците, кураторите и менаџерите во културата” (2 септември во ДК Кочи Рацин).
Во Музејот на град Скопје учесниците на Европската Диплома, водени од Владимир Јанчевски, имаа можност да се запознаат со тековната и постојана поставка на Музеј на современа уметност и историјата и работата на институцијата.