top of page
  • skopje2028

Посета на Пловдив 2019 - Европска престолнина на културата

Тимот на „Скопје 2028“ реализираше работна посета на Пловдив 2019 Европска престолнина на културата во периодот од 16-ти до 20-ти ноември 2019.


Покрај посета на неколку културни настани од програмата на „Пловдив 2019“ и обиколка на објекти од богатото културното наследство на градот, се реализираа и работни средби со организацискот и програмскиот тим на фондацијата „Пловдив 2019“, како и други личности кои директно учествувале во изработката на двете пријавни книги. Во срдечна и отворена атмосфера, бугарските колеги на овие средби споделија со тимот на „Скопје 2028“ многу корисни информации кои се однесуваат на процесот на кандидирање, како и корисни конкретни совети базирани на нивното директното искуство во процесите на кандидирање и реализација на програмата на ЕПК.


Повеќе за Пловдив 2019 - Европска престолнина на културата може да се најде на нивната веб страница.




8 views
bottom of page