• skopje2028

Меѓународна соработка за трансфер на знаење, добри практики и вмрежување на СКОПЈЕ 2028




Тимот на СКОПЈЕ 2028 во соработка со градот Скопје и фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел во 8 работни дена, во периодот помеѓу од 27 август и 5 септември, во Скопје реализраше серија на активности за трансфер на знаење, добри практики и вмрежување во полето на културата и развој на кандидатурата на градот Скопје за Европска престолнина на културата. Тие се реализира како дел од резиденцијалната сесија во Скопје на „Европската диплома по културен проектен менаџмент”


Меѓународна соработка се реализира со учество на: 10 меѓународни културни оператори од 10 земји во светот-учесници на Европската Диплома, претставници на тимот на Скопје 2028, претставници на Координативното тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата” и професионалци од локалниот културен сектор.


Меѓународна соработка ги опфати следниве програмски модули:

1.Јакнење на капацитети, трансфер на знаења и примери на добри пракси во подготовка, имплементација и евалуација на програма на Европски престолнини на културата

2.Предавања и работилници значајни за современиот развој на културата и уметноста, а оттаму и битни за кандидатурата на градот Скопје за Европска престолнина на културата

3.Активности за вмрежување и запознавање со работата на локални културни институции, организации и професионалци од културата

4.Трибина за локалните културни политики на град Скопје, активности, стратегија за култура и меѓународна соработка

Работните сесии беа водени од признати ментори и професори во полето на културните политики, менаџментот во култура, културното планирање, интеркултуралноста, развој на публика, креативен развој на градовите, меѓународна културна соработка и културните мрежи.


Партнери на програмата во Скопје кои помогнаа во нејзина реализација се културните институции: Музеј на град Скопје, Дом на културата Кочо Рацин, Младински културен центар и Музеј на современа уметност.


Меѓународна соработка се свечено се отвори во пациото на Музејот на град Скопје на 28 август со обраќање до учесниците и партнери на програмата од страна на Никола Наумовски, шеф на кабинетот на градоначалникот на град Скопје. Веднаш потоа следеше посета на музејот со водич во чии рамки се проследија изложбите на Сашо и Пандора Саздовски и Родољуб Анастасов.

13 views