- skopje2028
Културен проект „Култура во време на Корона“
Updated: Apr 27, 2021

Проектот беше креативен одговор на кризата со Ковид-19, со цел да го подржи културниот сектор, особено самостојните уметници и тие кои работат хонорарно, кои беа економски најпогодени од кризата. Градот овозможи отворени сцени за настапи во живо во 28 различни урбани области лоцирани во 8 градски општини. 50 концерти беа организирани во април и мај 2020 година, каде што повеќе од 200 музичари (бендови, соло музичари, диџеи) настапија во живо во текот на ноќта, во периодот на забрана на движење како мерка за заштита од пандемијата. Настаните беа проследени од публика од повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи (преку стриминг во живо) и од балконите во населбите каде што се случуваа настаните. Секој настап беше поддржана со хонорар (во износ на една минимална плата во земјата). Истиот хонорар го добија сите кои настапија, како признати имиња, така и млади таленти, со цел да се опфатат што е можно повеќе учесници, а со тоа и да се зголемат социјалните ефекти на проектот.