top of page
  • skopje2028

Вмрежување помеѓу меѓународни и домашни културни актери и запознавање со домашната културна сцена

Активности за вмрежување и запознавање со работата на локални културни институции, организации и професионалци од културата, во рамки на меѓународна соработка


На 31 август учесниците на Европската диплома, заедно со менторскиот тим ја проследија „Кич турата” која претставува нарацијата и реалноста на проектот Скопје 2014, предводена од Ивана Драгшиќ (Плоштад Слобода). Веднаш потоа во пациото на Музеј на град Скопје беше организирана средба за вмрежување во чии рамки се сретнаа со неколку претставници на домашниот културен контекст. Тие накратко се запознаа со работата на Симона Димковска, архитектка и актерка, дел од организацијата Културно Ехо; визуелните уметници Сашо и Пандора Саздовски; Ѓорѓе Јовановиќ, како самостоен уметник и работата на КСП Центар Јадро; Симона Спировска, актерка и дел од организација за театар и изведувачи уметности Артопија; Филип Јовановски, уметник и Ивана Васева, кураторка дел од организацијата Факултет за работи што не се учат и уредници и организатори на АКТО фестивалот за современ уметност; Велимир Жерновски, самостоен уметник; Петрула Вељановски, дел од тимот на МакеДокс – фестивал за документарен филм и Зорица Зафировска – самостоен уметник и дел од тимот на Локомотива.

На 1 септември, во програмскиот сегмент MiniAudits, учесниците на Европската Дипломата, поделени во три групи имаа можност детално да се запознаат со работата на Младински културен центар, преставена од Маргарита Арсовска; инцијативата Кино Култура – центар за современа уметност, култура и политики, претставана од Биљана Тануровска Ќулавковски (Локомотива Скопје); и организацијата ЛОЈА Центар за балканска соработка од Тетово, преставена од Бујар Љума.

12 views
bottom of page