• skopje2028

[ВИДЕО] ЕПК Разговор 2: Риека 2020

Updated: Apr 27, 2021


Вториот во серијата „ЕПК разговори” со претставници на тековни и идни градови Европски престолнини на културата е со Риека 2020. Разговаравме со Ирена Крегар Шегота, Извршна директорка на Риека 2020 Европска престолнина на културата.

Риека e избран да биде хрватски град носител на титулата Европска престолнина на културата за 2020 година. Во рамки на програмскиот концепт „Пристаниште на различноста“ Риека разви над 600 културни, уметнички и други настани со учество на повеќе од 250 културни институции и организации од Хрватска и 40 други земји од Европа и остатокот од светот. Поради ефектите од корона-кризата, Европската комисија предложи Риека да биде носител на титулата до април 2021 година. Овој предлог беше официјално усвоен од Европскиот парламент и Советот на Европа во декември 2020 година.


0 views