- skopje2028
Анкета на граѓаните на Скопје за културната понуда и потреби и можностите кои ги нуди ЕПК
Updated: Oct 18, 2019
Вклученоста, учеството на граѓаните, дизајнот на програмата во тесна соработка меѓу професионалците, институциите, граѓанскиот сектор и граѓаните е претпочитан пристап.
Тимот на СКОПЈЕ 2028 преку промотивни материјали, анкети и директни средби
со граѓаните сака да ги запознае граѓаните со идејата за Европска престолнина на културата, како и да добие информации за нивните размисли, желби и очекувања во врска со ЕПК, како и да добие увид во културните потреби на граѓаните.
За таа цел на следниов линк можете да пристапите кон првиот прашалник кој го изготвивме и со негово пополнување да помогнете да се обликува кандидатурата на градот Скопје за ЕПК 2028.
Ви благодариме на учеството.
